Хаотична состојбата со заштитата на нашите шуми
Хаосот кој се случува со дрвокрадството во нашата држава веќе се граничи со лудило. Шумите се експлоатираат беспоштедно, така што не се заканува Македонија да стане обесшумена држава. Оние кои беспоштедно ја експлоатираат не убедуваат дека шумата самата ќе се регенира од изданково потекло, но таа поради разни причини полека ја губи оваа регенеративна способност.
Цехот на крајот ќе го платиме сите ние. Веќе силно се чувствуваат последиците од загадениот воздух и со нашите деца често чекаме на ред пред пренатрупаните здравствени ординации. Џабе сите мерки за намалување на загаденоста, кога поради лично богатење на поединци ние полека го губиме “филтерот“ на загадениот воздух.
Се добива впечаток дека институциите не се способни ни спремни да се носат со овој проблем. Тие одговорноста постојано си ја префрлаат едните на другите, притоа изнаоѓајќи ралични причини да се оправдаат себеси.
Сите одговорноста најчесто ја префрлаат врз шумската полиција, но тие се оставени “самите на себеси“. Но таа не е единствената институција која треба да се бори против дрвокрадците и шумската мафија, туку се дел од една карика која треба да функционира беспрекорно ако сакаме да си ги заштитиме нашите шуми. Така покрај нив, помеѓу другите институции и органи најзначајна улога во оваа борба треба да имаат и редовната полиција, ЈП “Македонски шуми“, правда со своите судски органи, но и граѓанскиот сектор.
Проблемите на шумската полиција
Проблемите за шумската полиција започнуваат веднаш штом ќе откријат сторители на криминалот со шумите или нелегално исечени дрва. Тогаш редовната полиција е должна веднаш со свој тим да излезе на терен и да го обезбеди просторот, ЈП “Македонски шуми“ (или некој друг стопанственик со државните шуми на чија територија е откриен криминалот) се должни да испратат свој тим со камион да ги конфискуваат дрвата, судските органи да изречат соодветна казна, а граѓанскиот сектор да работи на свеста кај населението и луѓето за заштитата на шумите.
Но што се случува во реалноста. Редовната полиција често се правда дека нема слободни тимови на терен, нема сободни возила или бензин за да излезе на терен, ЈП “Македоснки шуми“ се правдаат дека немаат камиони за да ги превземат дрвата или поради безбедносни причини не излегуваат на терен, додека судските органи во своите лавиринти издаваат преблаги казни или ги ослободуваат сторителите.
Се разбира дека ваквата ситуација не треба да се генерализира и дека не треба да се добие впечаток дека институциите воопшто не си ја исполнуваат својата должност, но за жал ваквите изговори да се пружи максимумот во борбата за зачувување на нашите шуми се доста чести. Верувам дека сите интитуциите имаат големи проблеми за целосно исполнување на своите обврски и дека наведените проблеми со кои се соочуваат се реални, но тоа мора да се реши и институциите норманлно да си ја вршат својата работа за која постојат.
Шумските полицијци препуштени сами на себе
Така шумските полицијци се препуштени самите на себеси и често се на удар на пририсоци и закани по своите животи. Се уште се свежи спомените кога во близина на нашиот главен град во заседа беше изрешетано возилото на шумската полиција, при што животот го загуби еден шумски полициаец, а двајца беа ранети. Се збори дека на полицаецот додека бил беспомошен и тешко ранет во своето возило му било покано од непоредна близина во главата, но тоа е во сверата на шпекулации.
За тоа сведочат и големиот број напади на нивните членови за време на вршењето на службените должности. Еден од подрските напади се случи токму оваа година, кога при вршење на своите редовни работни обрвски на шумските полицајци имаше обид да бидат прегазени, при што нивниот комадир се здоби со тешки повреди. Неофицијално, голема среќа што преживеал командирот бидејќи два часа бил поклопен со тракторска приколка, која поради големата тежина неквите колеги неможеле да ја поместат. Малку фалело да искрвари до смрт.
Поради претходно наведените проблеми на институциите кои треба да им се логистика, шумските полицајци често се оставаат самите да ги обезбедуваат откриените дрва и по цела ноќ, се додека да интервенираат останатите институции кои треба да им се логистика. Доведени се во ситуација да паѓаат во искушение кога ќе откријат нелегално исечени дрва или некој дрвокрадец, едноставно да ја завртат главата и да се прават како ништо да не виделе, бидејќи се свесни дека ќе имаат голема мака и проблеми да ја добијат потребната подршка и логистика.
Тепачка за трактор полн со дрва во радовишко
Најнов пример со кој се гледа со колкави проблеми и во каква хаотична ситуација ни е состојбата со заштитата на нашите шуми е настанот кој пред некој ден се случил во Радовишко.
Имено, пред некој ден (07 октомври) некаде околу 16,50 часот било пријавено дека во с.Тополница – Радовиш кај прочистителната станица на браната на рудникот Бучим, полициски службеници од шумската полиција во Радовиш пронашле трактор со приколка на која имало натоварено 2 m³ дабови дрва, поради што од полициски службеници од ПС - Радовиш побарале да излезат на местото на настанот, со цел безбедно да го пренесат тракторот со дрва до Јавното претпријатие “Македонски шуми“ - Радовиш.
Околу 18,00 часот на наведеното место се собрале околу 40 жители од селото кои не дозволувале да се одземе тракторот. Оваа толпа станала крајно агресивна и дрска, при што во еден момент едно од лицата замавнало кон полициските службеници со тврд предмет, удирајќи го едниот од нив во пределот на главата, со што директно го загрозило животот на полицискиот службеник.
После овој немил настан, полицискиот службеник со службено возило бил пренесен во Здравствен дом во Радовиш каде му била укажана неопходната лекарска помош.
По целосното расчистување на случајот, од страна на ПС - Радовиш ќе биде поднесен соодветен поднесок и се надеваме овој обид за убиство нема да се изгуби во судските лавиринти.
No comments: