Осум факти за европските шумски екосистеми



1. Во Европа, шумите покриваат околу 35% од копнената површина(190 милиони хектари), со што ја прави Европа континент  богат со шуми. Неодамнешното зголемување на европската шумска покривка е резултат на националното законодавство, пошумувањето и природната експанзија во последните 200 години.

2. Шумите се економски ресурс. Шумите генерираат приходи за повеќе од 16 милиони сопственици на приватни шуми, а шумските активности имаат промет од речиси 500 милијарди евра и вработува околу 3,5 милиони луѓе.

3. Шумите обезбедуваат т.н. “невидливи“ услуги: Покрај дрвото и другите производи, шумите се исто така корисни со нивните "екосистемски услуги". На пример, повеќе од 20% од европските шуми успеваат да ја заштитат вода и почви, главно во планинските области. Како други  услуги  се вклучуваат спречување на поплави и филтрирање на воздухот.

4. Шумите помагаат во ублажување на влијанијата врз климатските промени. Европските шуми апсорбира околу 10% од годишните емисии на стакленички гасови во Европа.

5. Шумите во ЕУ стануваат се повеќе унифицирани, бидејќи различноста на дрвените видови е намалена. Ова значи дека густиот биодиверзитет се губи, со што овие екосистеми се помалку отпорни на штетници, болести и климатските промени. Само мал дел од шумите во Европа остануваат недопрени во природна форма и тоа најчесто во изолирани предели.

6. Во Европа многу шумски екосистеми се во лоша здравствена состојба. Ефектите од лошото и несовесно стопанисување со шумите може да се забележат кај популацијата на шумски птици, коишто во некои региони на Европа се намалија за повеќе од 30% помеѓу 1980 и 2005 година. IUCN проценува дека 2009 година 27% од цицачите, 10% од влекачите и 8 % од водоземците поврзани со шумите се загрозени со исчезнување во ЕУ.

7. Инвазивните алохтони видови се повеќе се проблем за европските шуми. Во европските шуми има околу 1 800 видови кои се инвазивни и туѓи на природната средина. На пример, европските шуми се уништени од болести предизвикани од габи воведени од Азија, а сивите верверички ги надминуваат црвените верверички. Глобално, инвазивните туѓи видови се една од најголемите причини за губење на биодиверзитетот.

8. Климатските промени многу веројатно ќе им наштетат на шумските екосистеми. Со климатските промени доаѓа до зголемен број на шумски пожари со што е една од факторите за уништување на шумите. Во просек, секоја година околу 400 000 ха шума се уништуваат од шумските пожари, главно во медитеранскиот регион. Некои живеалишта, како што се шумски мочуришта, се особено осетливи на климатските промени.

No comments:

Powered by Blogger.