Бразил планира да изврши пошумување во регионот на Амазон со 73 милиони дрвја
Организацијата Conservation International во рамките на најгопемиот проект за пошумување во светот планирада посади дури 73 милиони дрвја во бразилскиот дел одАмазон. Овие дрвја ќе бидат посадени во Бразил за да се надоместат околу 300.00 хектари шума кои се изгубени од различни причини во оваа држава.
“Доколку светот ги исполни целите од Парискиот климатски договор, тогаш заштитата на тропските шуми ќе мора да биде голем дел од тоа. He ce битни само дрвјтата, туку видовите дрвја. Доколку сакаме да го исчистиме јаглерод диоксидот од воздухот, тогаш тропските шуми се најбитни за таа цел“ вели извршниот директор на Conservation International, господин Санџајан.
Доколку веднаш се прекине со обесшумувањето, околу ⅓ од вкупната количина СО₂ од воздухот ќе ги апсорбираат дрвјата. Сепак, научниците не се големи оптимисти и сметаат дека во наредните две декади ќе бидат исечени дури ⅕ од шумата во Амазон. За да се борат против обесшумувањето од Conservation International употребуваат нови техники на пошумување кои може да се применат и на други места во светот.
Методот кој се користи за пошумување во Амазон се вика “мувука“, што на португалски значи многу луѓе во мал простор. Co овој метод на мала површина се оставаат семиња на стотици видови дрвја и потоа се остава природната селекција да го заврши своето.
Според една студија од 2014 година на Организацијата за храна и земјоделство и Biodiversity International, повеќе од 90% од видовите дрвја кои се специфични за некој регион преживуваат со методот “мувука“ и потоа можат да издржат и многу сушни периоди. Co класичниот начин на пошумување, на еден хектар се садат по околу 160 стебла, додека со “мувука“ се садат и до 2.500 стебла, a пo 10 години тој број ќе се зголеми на 5.000 стебла.
No comments: