Техники за среќа: Јапонците одат во шума, Норвежаните на прошетка во природа


Кога ќе погледнеме наназад во нашите животи често тоа што е најзначајно се настани како роденденска забава, бакнеж, нова работа или спортско постигнување.
Но, начинот како го живееме нашиот секојдневен живот навистина дефинира кои сме ние и како се чувствуваме.
Луѓето ширум светот пронашле свои техники како да го подобрат расположението и ги практикуваат стотици години.
Секој регион има свои идеи за разубавување на животот. Од Јапонија до Норвешка, пронајдете инспирација од нив.

Јапонија
Јапонците имаат релативно нова „традиција“ на спојување со нивните души. Таа се нарекува „shinrin-yoku“ односно капење во убавините на шумата. Развиена е во 1980-тите во атмосфера на задушувачки градови и сеприсутна технологија.
Отидете во шума, размислувајте за секој звук што ќе го слушнете, ценете ги мирисите и текстурата на дрвјата и комплетно ќе се релаксирате.

Норвешка
Friluftsliv“ е практика за релаксација во Норвешка. Тоа значи минување на што повеќе време надвор на свеж воздух и дневна светлина, која ќе помогне во останување во контакт со природниот ритам на светот околу вас.
Направете си навика на задолжителна утринска или вечерна прошетка во природа, излезете од канцеларијата на паузата од работа, пронајдете национален парк во вашата држава и посетете го.


No comments:

Powered by Blogger.