Поднесена кривична пријава против гостиварец за пустошење шума и кражба на дрва
Kанцеларијата за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.А. (29) од Гостивар поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „кражба на дрва“.
Од почетокот на март до крајот на април 2016 година во атарот на с. Дебреше, на место викано „Чука“, пријавениот со употреба на моторна пила извршил бесправна сеча на 38,99 метри кубни дабова, 1,12 метри кубни букова и 0,77 метри кубни црешова дрвна маса.
На 15 септември годинава година службени лица од „ШСПЕ-ШАР“ Гостивар го затекнале пријавениот при кражба на 1,40 метри кубни букови дрва без шумски жиг. Со сторените дела, С.А. нанел материјална штета од околу 572.285 денари на буџетот на и ЈП „Македонски шуми“.
Извор: /sitel.com.mk/
No comments: