Научниците збунети од мистеријата на праисториските дрвја
Фосилни секции од дрвото покажуваат прстен од темни делови, кои некогаш биле еквивалентни на спроводните садови на дрвјата
Дрвјата што пораснале пред повеќе од 300 милиони години имале многу покомплексна анатомска структура од денешните дрвја, покажаа истражувањата.
Праисториските дрвја имале зачудувачки сложена анатомија од причини што научниците не ги разбираат.
Научниците го испитале исклучително добро сочуваниот фосилизиран трупци од пред 374 милиони години од кладоксилопсид дрво од Ксинџијанг, северозападна Кина.
Она што го откиле ги изненадило многу.
Сите дрвја имале дрвни влакна во вид на сламки, наречени ксилем, кои ја спроведуваат водата од корените кон лисјата. Новите слоеви на ксилемот кај повеќето дрвја ги создаваат познатите дрвени прстени (годови) во стеблата и гранките.
Но, новите фосилни откритија покажале дека најраните дрвја имале нивниот ксилем ограничен на надворешниот 5 см од деблото, додека средината била целосно шуплива.
Спроводните канали биле меѓусебно поврзани како добро нагодена мрежа од водоводни цевки. И наместо дрвото под неговата кора секоја година да формира годови или годишни прстени, секое ксилемско влакно генерира свој престен. Всушност ксилемските спроводни канали се однесувале како индивидуални мини-дрвја.
Како што се ширеле спроводните канали, поврзаноста помеѓу нив се одвојувала, а дијаметарот на стеблото се проширувал.
Уметничка реконструкција на проучиваните дрвја
Д-р Крис Бери, еден од научниците од Универзитетот во Кардиф, изјавил дека: "Не постои друго дрво за кое знам во историјата на Земјата, кое некогаш имало изградено толку комплицирана градба како ова. Дрвото истовремено го прекршило стеблото и се распаднало под сопствената тежина додека сеуште вегетирало и растело нагоре и нанадвор за да стане доминантно растение во неговото време.
"Со проучување на овие исклучително ретки фосили, добивме непроценлив увид во анатомијата на нашите најрани дрвја и комплексните механизми за раст кои тие ги користле.
"Ова го покренува прашањето: зошто најстарите дрвја се најкомплицирани?"
Д-р Бери претходно помогна да се открие фосилна шума во Гилбоа, Њујорк, каде што кладоксилопсидите растеле пред повеќе од 385 милиони години.
Но, нема претходни примери на фосили од дрво во споредба со најновиот од Кина, рече тој.
"Претходни примери на овие дрвја се полни со песок кога се фосилизираат, нудејќи само извонредни индиции за нивната анатомија", вели д-р Бери. "Фосилизираниот трупец добиен од Ксинџианг беше огромен и совршено сочуван во стаклест силикат како резултат на вулканските седименти, овозможувајќи ни да ја набљудуваме секоја клетка на растението".
Истражувањето е објавено во списанието "Зборник на трудови" на Националната академија на науките.
No comments: