Се врати во Зрзе, но и ја украдоа дабовата корија


Од шумската полиција во Прилеп велат дека бројот на дрвократците на појасот од Даутица е голем и колку што можат прават напори да го сопрат ова мафијашко дивеење.

Шеесет и едно годишната Добрица Стојановска, откако работниот век во Скопје како негувателка во Геријатрискиот завод го заврши со инвалидска пензија поради тешки алергии и заболувања на респираторните органи, се реши да се врати на родното огниште во прилепско Зрзе под манастирскиот вакав и недопрената природа во подножјето на Даутица. Но, судбината не сакаше да и го пружи посакуваноот спокојство.  Покрај комшиите кои ги пуштија свињите и козите низ дворот на куќата од починатите родители и ги испустија овошките, шокирана беше  кога ја виде исечена и опустошена дабовата корија од шумската мафија, чувана од дедо прадедо.
-Имав што да видам кога дојдов. Овде е општи хаос и владее  еден бес. Се краде дрва. Исечена ми е корија од десет илјади м2 и пријавено е во полиција и во Министерството. Крадат на вечер или сабајле рано. Ги продаваат секаде, во Секирци, Пешталево, Ропотово, па дури и во Прилеп некои купуваат дрва- рече Добрица Стојаноска.
Од шумската полиција во Прилеп велат дека бројот на дрвократците на појасот од Даутица е голем и колку што можат прават напори да го сопрат ова мафијашко дивеење.
-За овој случај ние бевме известени од госпоѓата дека таму има дрвократство и таа ситуација ќе биде расчистена. Од Зрзе имаме сознанија и преземаме одредени мерки и имаме фатено повеќе возила. Имаме фатено и трактори кои се движат по сртот на планината.- рече командирот на шумската полиција во Прилеп, Илија Спиркоски.
Добрица, задишана, премалена и желна за чистиот воздух на Зрзе, се мачи да ја накрене татковата куќа и вели, дека од никого не се плаши, оти вакавот со Божја промисла ја варди. А таа, нема да се откаже од потрага по виновниците, кои за само четири месеци и ја уништија дабовата корија распослана на еден хектар.

Извор: /alfa.mk/


No comments:

Powered by Blogger.