Отровните печурки во Македонија

Речиси секоја година во Македонија, за жал, има случаи кои завршуваат трагично поради конзумирање на печурки кои се отровни.Во последните 10 години имало 6 смртни случаи и стотина труења со печурки
Отровна печурка (Amanita virosa)

Прошетка во шумата и бесплатен ручек - звучи примамливо. Но со печурките треба да се биде навистина внимателен. Меѓу илјадниците видови на габи, тешко може да се разликуваат отровните од неотровните печурки.
Многу Европејци жалат за крајот на летото и почетокот на есенските и дождливи денови. Но, за љубителите на печурките ова е совршено време да ја земат корпата и да тргнат во шумата по потрага за вечера. А потрагата за дивите печурки станува се повеќе популарна, станува хоби, а припремањето на ручекот кој сами сте го собрале, за многу луѓе предизвикува големо задоволство.
Опасната зелена пупавка (Amanita phalloides)

Кратката сезона за печурките е во пролет, кога тие започнуваат да никнуваат од земјата. Но, главната сезона е есента од септември до средината на ноември, кога паѓа дожд, но не е премногу ладно. Експертите велат дека печурките растат кај дрвја кои се типични за одредено подрачје.
Има луѓе кои со берењето на печурки се занимаваат уште од мали, бидејќи „занаетот“ го научиле од родителите. Но, и најискусните „ловци“ на печурки треба да бидат внимателни. Со оглед на тоа што постојат илјада видови на габи, лесно може да се случи да се помешаат отровните со неотровните печурки. Најопасен вид на печурка е зелената пупавка, која предизвикува смрт скоро кај сите случаи од нејзиното труење.Наликува на познатата јајчарка која е вкусна за јадење и затоа најголем дел од луѓето прават катасрофални грешки при нивното распознавање.

Аманита Вироса или Европскиот смртоносен ангел. 

Незрелите примероци на Аманита Вироса наликува на неколку слични печурки кои може да се јадат, и затоа е големен ризикот од труење со оваа печурка. Тоа е една од најотровната печурка која расте на овие простори а нејзиниот отров штети на црниот дроб и бубрезите кој често доведува до фатални последици.
Во Македонија досега се  забележани над 10 000 различни видови на габи. Единствената регионална лабораторија во земјава има регистрирано 2130 макромицети од кои со меки плодни тела се 900. Од нив 600 габи се јадат и се полни со  витамини , минерали и антиоксиданси.  114 се отровни а дури 17 видови се смртоносни. Од печурките има и такви кои предизвикуваат халуцинации и од нив во земјава се регистрирани   30тина видови. 

Ако се сомневате - фрлете ја 

Голем број почетници, кога собираат печурки често не можат да направат разлика помеѓу отровните и оние печурки кои се јадат. Експертите за печурки велат за да нема фатални последици, нека ги фрлаат или нека не ги берат оние печурки за кои не се сигурни и за кои се сомневаат. 
Доколку сепак сакате да собирате печурки, тогаш прочитајте го прирачникот за собирање на печурки 
На крајот, подобро е да имате празен стомак отколку да завршите во болница поради труење од печурки.

Извор: /fakulteti.mk/


No comments:

Powered by Blogger.