На Балканот се наоѓа најстарото дрво на “стариот“ континент


Во Грција е пронајдено дрво кое според научниците е прогласено за најстариот организам на европскиот континент, за којшто научниците имаат сознание, објави порталот „Дејли Сајанс“. Станува збор за „Босански бор“ (Pinus heldreichii) за кое по направената карбонска анализа се верува дека е од 941 година. Ова дрво е пронајдено од шведскиот научник Паул Крусик од Стокхолмскиот Универзитет во Шведска.
Дрвото е наречено „Адонис“, по древнохеленсиот бог на убавината и страста. Неговата старост се проценува на околу 1.075 години, тврдат начници од шведскиот Стокхолмски универзитет, германскиот Универзитет на Мајнц и Универзитетот на Аризона од САД. За споредба во САД најстарото дрво е секвоја со над 5000 години.
– 3ачудувачки е како еден олку голем, комплексен и импресивен организам преживеал во не така поволна и пријателска средина, населена од човекот веќе 3.000 години. Дрвото има пречник од еден метар и годовите кажуваат дека тоа е 1.075 години старо – истакна дендрохронологот Пол Крусик, водач на научната експедиција.
Според овие наоди, дрвото ги надживеало Византиското и Отоманското Царство. Кога би знаело да зборува, којзнае што све би ни ни раскажало. Тоа ги преживеало климатските услови, нивните промени, потоа – Балканските војни, Првата и Втората светска војна и многу други неприлики пред и потоа, кои се случиле во овие области.
Научниците се надеваат дека тоа, но и другите дрвја од тој вид, од коишто некои паднале од старост, но се уште не се распаднале, ќе им обезбедат драгоцени научни информации за историја на илјадагодишните климатски промени и физички промени животната средина.
“Босанскиот бор“ е вид на дрво кој расте на Балканскиот полуостров, како и во јужните предели на Апенинскиот Полуостров. 

No comments:

Powered by Blogger.