Модерна пилана за подобра иднина на шумите


Со примена на подобри решенија, пиланите можат да ја зголемат профитабилноста и работата, истовремено намалувајќи ги трошоците, отпадот и потребите од трупци.
Во 70-тите години на минатиот век, двајца американски иноватори започнале да размислуваат за идејата за тоа како пиланата да ја донесат во шумата наместо обратно. Ги заинтригирала можноста за заштеда на транспортните трошоци.
По четиригодишни обиди да направат неколку прототипи на брента (машина за режење дрво - пилана) во нивната гаража, тие успеале да ја конструираат првата вистинска мобилна пила. Во 1982 година тие ја основале фирмата Wood-Mizer (чувар на дрвото) со слоган - од шума до готов производ.

Идејата за мобилност

Производството на производи од дрво со носење на пиланата кај трупците го намалило лошото влијание врз животната средина. Потребни биле помалку камиони за испорака, со што се намалуваат потрошувачката на гориво и емисиите на јаглерод диоксид во животната средина.
Мобилната пилана на Wood-Mizer во 1980-тите се појавила на пазарот како нов производ и овозможила формирање на нов вид на бизнис - можност дрвопреработувачите да отидат до клиентите со нивните мобилни машини за режење дрво и режење на неограничени количини на трупци во разни елементи. Пред појавата на оваа мобилна пилана, пиланџиите би се откажале од режење на мали купови на трупци, па така трупците би завршиле како огревно дрво. Со појавата на мобилната пилана, таквите трупци се трансформираат во квалитетен градежен материјал.



Мобилната пилана Wood-Mizer која се закачува на автомобил и може да работи било каде, дури и во шума. Благодарејќи на едноставниот дизајн, оваа пила произведува мазни резови кога е инсталираана на нарамен терен во шума

Еколошките предности на тенкиот рез

За успех во производството на пристапна и пренослива пилана влијаел еден битен фактор – користење на тенкорезни пили. Традиционално, индустријата за обработка на дрво секогаш ја застапувала тезата "поголемо е подобро", бидејќи подебелото сечиво може побрзо да реже. Меѓутоа, сечилото со дебелина од 1,5 mm и 2 mm резултира со многу мала количина пилевина (во споредба со пили со дебелина од 6 mm). Тоа се случува со пилите на Wood-Mizer – со режење на секој трупец може да се добијат повеќе даски и помалку струготини (отпад). Во зависност од големината на трупците, вкупната искористеност може да достигне до 70% -80%.
Производител од Србија на палети забележувал дека по вклучувањето на машината Wood-Mizer во производството, добивал уште по пет палети од секој кубен метар дрво.
Со тенкирезната технологија се штеди на сировини, бидејќи за да се произведе исто количество на готови производи, потребно е да се потрошат помалку трупци.
  

Од левата страна се гледа како реже пилата со лента, а од десна кружната. Со помош на пилата со лента искористеноста на готовиот производ од дрво може да се зголеми до 80%, односно во просек се добиваат повеќе дополнителни даски од секој трупец

Намалување на потрошувачката на енергија

Гледано од различни агли, мобилните пилани на Wood-Mizer обезбедуваат сеопфатни заштеди во различни области. Тие, исто така, позитивно влијаат на оперативните трошоци, од кои едната е потрошувачката на енергија - област која често се занемарува кога инвестира во нови машини.
Тенките пили на Wood-Mizer во споредба со другите методи на режење бараат значително помала енергија за истата ефикасност и со тоа ги намалуваат трошоците за енергија. Со фактот дека тие се значително помали, пилите се поевтини, полесно се менуваат и острат. Острењето на Wood-Mizer пилите може да се направи со минимална обука, додека пак големите пили бараат добро обучен оштрач.



Режењето со кружни пили захтева поголеми трошкови за превоз на трупците

Мобилни пилани - нова индустрија и начин на живот

Како што растела индустријата за тенкорезни сечива, забележан е и пораст на продажбата на мобилните пилани од Wood-Mizer низ целиот свет. Во текот на последните 30 години, над 60.000 мобилни пилани на Wood-Mizer се продадени во повеќе од 100 земји.
Многу луѓе, кои биле ограничени во инвестициите, по купувањето на пилани од Wood-Mizer, започнале успешен бизнис. Земјоделците, сопствениците на недвижнини, пиланџиите под договор, работилниците за мебел, природните паркови и компаниите за обработка на дрво - постојат безброј примери за успешно интегрирање на пиланата Wood-Mizer во постојните претпријатија. Многумина веруваат дека инвестирањето во нова пилана им овозможило да започнат нов живот, да станат независни и да бидат поблиски до природата.
Чешкиот возач на автобус, Павел Кадлец, се пофали дека неговиот живот се променил на подобро откако си купил брента и почнал да работи услуги за режење на локално ниво. Тој сака да работи по сопствен ритам, и тој е горд што работата што ја прави обезбедува продукт со висок квалитет. "Сега сум си сам свој газда", вели тој.
Еден земјоделец од Естонија, Аигар Тузис вели - "Го гледаш својот живот на поинаков начин, кога имаш своја пилана".
Машина за режење дрво ја поттикнуваат социјалната интеракција во руралните средини. Италијанка Ана де Гуиди, сопственик на компанија за палети, тврди: "Пиланата е најдобро средство за да се стекнат многубројни пријатели. Секој ден се запознавме со нови локални клиенти, кои подоцна стануваат наши пријатели ".

Местото на пиланите во "кружната" економија

Мобилните пилани Wood-Mizer обично се застапени во малите и средни претпријатија, се користат за обработка на дрво на локално ниво до крајните корисници и вработуваат локални работници.
Ова е совршен пример за одржлив развој на локално ниво, што има позитивно влијание врз поширокото регионално ниво но и на државната економија.
Овој вид на работа е токму она што многу аналитичари го предвидуваа со години - како резултат на продолжената рецесија помалите компании ќе растат, бидејќи тие може брзо и ефикасно да одговорат на потребите на пазарот и побрзо да воведуваат нови технологии.
Експертите честопати ја споредуваат со "кружната" економија, каде што количините на потребните суровините се намалени и отпадот станува нула. Промовирањето на овој вид на модел на компанија за Европскиот парламент и другите европски институции е многу важно прашање, бидејќи тие сакаат да ја зачуваат животната средина и да ги стимулираат иновациите во бизнисот.
Успехот кој го доживеале малите претпријатија со мобилните пилани на Wood-Mizer потврдува дека всушност се случува таа транзиција од “теоретско“ во “практично“ и дека е можно тоа да се постигне.

1 comment:

  1. Фондот за заем интензивно работеше со мене за да ми помогне да предвидам некои од проблемите со кои може да се соочи мојот бизнис. Не многу заемодавци би оделе до таа должина. Тие беа исклучително поддршка и одличен извор.
    Работата со г-дин Педро ми помогна да го развијам мојот бизнис план, идеи и бренд пред да започнам, па затоа бев подготвен да отворам успешен бизнис кога го добив мојот заем од г-дин Педро, службеник за заеми со огромно срце на чесност.
    Контактирајте со г-дин Педро на pedroloanss@gmail.com / WhatsApp+1 863 231 0632.

    ReplyDelete

Powered by Blogger.