Апел за кулата на Титов Врв


Многумина од нас често го посетуваат Титов врв или еднаш годишно во месец мај кога одат 500 до 1000 луѓе на ова групно искачување... исто познавам луѓе кои одат доста и во зима!

Замислете на едно ваше одење да ја видите Кулата, симболот што веќе скоро 70 години е таму, да ја нема или да е срушена!?!
Од еден симбол, едно засолниште ќе остане само спомен :(
За среќа луѓето од клубот ПЕД "Argentus mount" - Тетово не го дозволуваат тоа. Тие веќе подолго време работат на кулата, но најголем проблем им преставува транспортот и секако недостатокот на луѓе.
Знам дека секој лајк на Фејсбук ги поттикнува да продолжат, но тоа не е воопшто доволно за жал.
Направете второ или трето искачување годинава на Титов врв носејќи вода, 4 до 5 кг песок или бидете им придружба на овие луѓе.
Дајте да се собереме 100-200-500 луѓе да видат и они дека не се сами! Дека сме со нив - кој колку може да помогне. Заедно сме појаки, а симболот на Шара ќе остане подолго за генерации.
Споделете ја оваа информација Ве молам.
Лице за контакт 071 561 449 Звонко Алексоски.

п.с. Благодарам однапред и да се видиме на Титов врв со работа и дружба да прославиме сите заедно.



No comments:

Powered by Blogger.