Одгледување на питомиот костен
Во Македонија питомиот костен е распространет на неколку локации и тоа: во Дебарско – Струшкиот регион. Гостиварско – Тетовскиот. Кичевскиот регион, Битолско – Прилепскиот регион, на Скопска Црна Гора и во други региони во источниот дел на Македонија.
Иако костенот е значајна култура и неговото одгледување е доста рентабилно и ефикасно, кај нас одгледувањето е крајно занемарено и се среќава само во спонтани природни популации по региони. Питомиот костен бара повеќе топлина и светлост. Бара изедначена температура, слабо поднесува големи амплитуди и не поднесува варовити, премногу тешки, непропустливи и премногу влажни почви. Питомиот костен бара кисела почва (рН 4,5-6), длабоки и умерено влажни почви. Доволно богати со хумус (шумски кисел хумус) и минерални материи, особено калиум и железо.
Костенот е еднодомно растение, машките цветови се во долги цилиндрични реси и стојат во основата на листовите. женските се по два-три и се сместени при основата на машките Костенот цути во јуни и јули, автостерилен е. Поленот се пренесува со ветер и со инсекти. Дава изобилен нектар и цути кога другите овошни видови одамна се прецутени и како таков пчелите многу го посетуваат.
Плодовите од костенот созреваат на крајот на октомври. Тие се транспортабилни, лесно манипулативни и може да се чуваат долго време. Плодовите се чуваат на студено место на температура од 0°С и релативна влажност од 85% и при вакви услови може да се чуваат до април. Плодот од костенот има голема биолошка вредност. Костенот содржи скроб 38-42%, шеќер 22- 29%. масти 3-7%, белковини 5-6%, витамин С, калциум, калиум. железо и др. корисни материи. Плодовите може да се користат за свежа употреба. но и во разни видови кондиторски производи. Од лушпата на плодовите и листовите се добиваат танини кои имаат значење и во фармацевтската индустрија.
Питомиот костен се размножува генеративно со семе и вегетативно, со изданоци – калемење. Калемениот костен многу порано прородува и дава поквалитетни и покрупни плодови. Калемењето се врши со спојка, а исто така и под кора. Калемениот костен прородува во 3-4 година, а периодот на полна родност настапува околу 15-тата година.
Подготовката на земјиштето за подигање нов насад од костен е слична како и за другите овошни култури. Претходно теренот треба да се исчисти од крупни камења. од жбунови, од жили од претходни растенија и др. Потоа се пристапува кон риголување на длабочина 60-80 см. Површината се израмнува за да потоа се изврши орање и подготовка за садење. Садењето се врши во дупки со длабочина 70-80 см. Во текот на садењето кореновите жили се прекратуваат за 1/3 и се потопуваат во балега од прегорен гној, земја и вода. Добро е да се додаде и по 2 кг (МРК 0:15:30) ѓубриво кое не треба да биде во директен контакт со кореновите жили.
Ако се сади во есен, кога е и најпогодно време, садниците не се залеваат со вода, туку околу стеблото се нафрла земја во вид на хумка со висина од 15 см и така се остава до пролет. Ако, пак. садењето се врши во пролет. околу секоја садница се прави чинија и се полива со 8 – 10 литри вода. Кога водата ќе се впие во земјата. чинијата треба да се покрие со ситна земја или со прегорено арско ѓубре со дебелина 4-5 см.
Садниците при садењето се прекратуваат, а понатаму резидбата е незначителна и се сведува на механичко чистење и насочување на круната која би требало да биде во форма на пирамида. Изданоците кои потеруваат потребно е редовно да се чистат Бројот на стебла на хектар се движи од 120 до 150 броја. а приносот се движи од 3 до 5тони на хектар.
Извор: Моја земја
No comments: