Видео за одржување на шумски пат


Шумарството граби напред со крупни чекори и мислам дека и ние би требало да размислиме да почнеме да ги користиме техничките можности на модерните машини за поквалитетно да ги одржуваме нашите шумски патишта.
Очигледно не е некоја филозофија, само е потребно добра воља и паметно инвестирање во соодветна механизација. Повеќе не се доволни само булдужерите, туку и нешто повеќе.
Колку ја запоставивме оваа проблематика за шумските патишта говори и фактот што веќе подолг период во ЈП “Македонски шуми“ не постојат повеќе т.н. патари, кои во минатото имаа задача да ги одржуваат шумските патишта и да прават ситни интервенции (чистење канали и пропусти, пополнување дупки и сл.).
Во продолжение погледнете следниве видеа како во државите со посериозен однос кон шумарството се одржуваат шумските патишта.





Кога веќе станува збор за темава, еве еден пример како се одржуваат и прочистуваат шумските патишта во нашето шумарство ....


И еден пример како изгледа возење по нашите рачно одржувани патишта ....





No comments:

Powered by Blogger.