ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО и ФОТО од организирана дрвокражба спроведена под патронажа на полицијата и локални функционери од Велес, Чашка и Прилеп!


Скандалозни видеа и фотографии добивме од анонимен читател, на кои се гледа како се врши кражба на дрва на потегот на стариот макадамски пат Велес – Прилеп преку Бабуна. Според наводите на начиот читател, станува збор за организирана дрвокражба, во која во криминална спрега функционираат полицијата и локални функционери на ..... (н.з. една партија од тогашната власт) од Велес, Чашка и Прилеп.
Сите фотографиите и видеата се направени при крајот на минатото лето (н.з.2015 година), крајот на август, освен последните три кои се направени на крајот на јануари 2016 година.
Интегрално ви го пренесуваме дописот на читателот кој поради страв од освета на полицијата во овој регион, со задоцнување од неколку месеци охрабрен од промената на Јанкуловска ни ги доставува:

Ова писмо Ви го пишувам по повод стравот и несакањето и заштитата од страна на полицијата во Велес и населба Чашка (Велешко) 
Полицијата и шумската полиција се исплашија од дрвокрадците кои веќе две години пустошат на потегот на стариот макадамски пат Велес – Прилеп преку Бабуна.
Кражбата на дрва во атарот на селото Степамци (велешко) веќе трае повеќе од две години со содејство на високи претставници од власта во Прилеп, населба Чашка и Велес. Еве зошто е тоа така. Многупати од луѓето кои летниот период го поминуваат во своите викендици во атарот на с. Степанци, с. Поменово, с. Смиловци и др. е барано, инсистирано, обраќано до Полициските станици во населба Чашка (Велешко), до полицијата во Велес, шумската полиција и на други места.Одговорот од овие институции беше секогаш негативен со зборовите, ние ништо не им можеме, тие се од Прилеп, или најново од полицијата од Велес и Чашка дека немале доволно луѓе (полицајци) како би се справиле со дрвокрадците бидејќи тие биле многу а полицајци немале доволно, па било ризично да дејствуваат и да ја одбранат општествената имовина. Ова трае повеќе од две години.

Шумата по стариот макадамски пат Велес – Прилеп повеќе не постои. Од селото Смиловци (Велешко), па се до градот Прилеп е  опустошена од дрвоградците коие се добро опремени и обучени за брзо дејствување и бегање од местото на нстанот. Луѓето се сомневаат дека оваа мафија е поврзана со луѓето од власта според кој во еден разгвор со еден од дрвокрадците ни беше речено дека пред последните избори неколку дена пред нив дошле луѓе од ..... (н.з. една партија од тогашната власт) каде им било ветено на Ромите од Прилеп дека ако гласаат за ..... (н.з. една партија од тогашната власт), слободно можат да сечат шума на потегот по стариот пат Велес – Прилеп кој тоа трае до ден денес без да бидат запрани од шумскаат полиција и полицијата. Во неколкуте разговори и Пријавувања од страна на граѓаните од овој дел ни беше речено од страна на полицијата дека полицијата од населба Чашка е немоќна против така многубројна мафијашка организација на дрвокрадци бидејќи немале доволен број на полицајци па обратете  се до шумскаат полиција во Велес.
По јавувавњето до шумскаат полоција, од нивна страна кратко ни беше одоговорено: Немаме гориво за џипот, правете што сакате, ние не можеме да дојдеме. Немил настан настана во ноќта на 31 јануари 2016 година кога мала група од граѓани по дојавата дека дрвокрадците повторно сечат бесправно шума и тоа во дворовите на куќите, организирани ноќта дојдоа на местото каде беа фатени на лице место дрвокрадците. Полноќната расправија со дрвокрадците кои ги имаше повеќе од 20 на еден од граѓаните му беше припретено од страна на водачот на групата по име Марјан од Прилеп, доколку не ја тргне колата од патот колата ќе биде исечена на парчиња.

Сопственикот на колата не сакаше да ја отстрани колата од патот се додека не дојде полиција и на дело да види како се опустошува шумата по стариот макадамски пат Велес – Прилеп каде се исечени и неколкувековни дабови дрвја. Во еден момент Марјан (најверојатно водачот на дрвокрадците) со запалена пила за сечење на дрва му ја доближи на неколку сантиметри од главата на сопственикот на колата: ,,Или тргни ја колата или ќе те исечам на парчиња“. Жалната слика со исечените неколкувековни дрвја и помладата шума остава жален впечаток. Шумата која е поблиску до макадамскиот пат и низ планините кои веќе се оголени од дрвокрадците кои несметано ја сечат остава впечатоко дека во ова повеќе од двегодишне бесправно сечење е спрега на мафија која Полицијата или ја штити или навистина ја страв да се бори против уништувањето на државната имовина. Одговорите од Полицијта и шумската полиција секогаш беше: ,,Не можеме, малку сме тие се многу може некој од нас да насрада“.

Уништување на шумите во Прилепско

Ова ни говори дека Полицијата и шумската полиција од Чашка, Велес и Прилеп се исплашија од неколкумина дрвокрадци, или пак  од последните со нив телефонски разговори може да се заклучи дека можеби им е наредено да не интервенираат за дрвокрадците бидејќи тие гласот го дале за власта. Шумата од Велес до Прилеп е опустошена, се гледаат оголени ридови. Храброста на дрвокрадците била толку голема што на 23 и 24 јануари 2016 година беа исечени дрвјата во дворовите на куќите што се гледа жална слика на опустошување кое државата не сака или не може да го запре или пак некој од нив е во спрега со дрвокрадците. За сето ова да биде потврдено ви испраќаме фотографии и снимки од дрвокрадците на стариот пат Велес – Прилеп, така наречен, патот преку Бабуна или велешки Извор.

 
Извор: /narodenglas.com/

No comments:

Powered by Blogger.