Рабаџии – документарен филм
Дали знаете што е рабаџија ?
Ова е веќе историја во нашата држава. Традиционалниот начин на извлекување на дрвена граѓа со помош на воловски запреги се поретко може да се види на поголемите планини во овие краишта. На стрмните падини на планината Златара во соседна Србија, на надморска височина од 1300 метри, две фамилии, веќе трета генерација по ред се занимаваат со оваа вековна работа во овие краишта – рабаџија.
Оваа емисија посветена е речиси на заборавениот рабаџиски занает, кој се состои од вештината на луѓето и силата на воловската запрега.
Во раните утрински часови, рабаџиите ги впрегнуваат своите четвороножни јунуши и тргнуваат на пат по непристапните патеки по кои чекореле и нивните претци.
Со оваа вештина научена од нивните предци, овие планинци за кои временските услови не им значат многу, тргнуваат во спуштање на деблата наменети, како што велат “за народот во градот за граѓа и намештај“. За воловите кои ги “ранат со леб“, рабаџискиот занает кој полека одумира, како и за начинот на кој работат и кој сеуште им одолева на современите превозни средства, зборуваат некои од последните рабаџии во овие краишта.
Емисијата бара одговори на прашањето дали може да се живее од рабаџиската работа, има ли млади кои би ги замениле .... Приказната за човекот, природата, традицијата и опстанокот, снимени се на падините на Златара, во близина на месноста Џада, каде секоја година се одржува рабаџискиот шампионат на кој се бора најсилниот вол и највештиот рабаџија.
No comments: