Заборавените верверици ги спасуваат шумите


Според наводите на канадските зоолози заборавноста на сивите верверици придонесува за спасување на шумите.
Имено, овие верверици оревите, желадите кои ги оставаат за резерва преку зимата во дупки кои ги копаат на разни места во шумата. Меѓутоа, сивите верверици, за разлика од црвените забораваат каде ја закопале храната, па така од закопаните плодови израснуваат млади дрвја, наведува CNN. Така, заборавноста на сивите верверици не дозволува исчезнување на шумите во Америка, констатираат научниците.
Кафените верверици собираат плодови и прават резерви за во зима, полнејќи ги дупките во дрвјата, но никогаш не забораваат каде ги оставиле залихите и секогаш се враќаат по нив. Така од тие залихи никогаш ништо не расте, зашто подготвената “зимница“, до пролет е изедена.

No comments:

Powered by Blogger.