Шумарите се почесто со посетителите на шумите во Германија
Љубителите на природата во германските национални паркови се´ повеќе наидуваат на луѓе со кои можат да поразговараат – шумари. По углед на нивните примери во Северна Америка и тие носат слична униформа и типична шапка.
„Јас сум шумарот Ралф Шмит, а ова е моето куче Кора, баварски ловечки пес.“
Ралф Шмит се издвојува од групата поради облеката што ја носи:
„ Аха, баш е зелена“, забележува една учесничка на излетот.
Шумарот Ралф носи зелена униформа. На левиот ракав има сошиено црвен амблем на патеката за пешачење Ротхарштајг, лево знак на неговиот работодавач на Управата за шуми во Северна Рајна Вестфалија. На грбот има ранец. Но највпечатлива е кафеавата шапка. Ралф Шмит ги познава животните и растенијата, историјата на регионот, жителите, нивниот менталитет и традицијата. На патеката љубителите на природата можат да наидат на шумарите, или ако претходно резервираат, и со некои од нив и да пешачат.
Пушењето во шума е опасно
Еден од учесниците на излетот го праша Ралф да ли пушењето во шума е дозволено:
„Во Германија е забрането од март до октомври. Ако се случи некој да запали цигара, тогаш може пријателски да му се каже дека не треба да ја фрла на земјата.”
Потоа Ралф поставува прашање на кое самиот одговорил. Кога е најголемата опасност од пожарите?
„Најголемата опасност е во март и април, особено во областите со борова шума и под нив исушените лисја од зимата. Кога снегот ќе се стопи и ќе се исуши, се’ уште нема зелени листови на дрвјата, долината е се’ уште кафеава, и тогаш е најголема опасноста од пожарите.”
Шумата ги смирува „градските луѓе"
Шумарите ги водат посетителите на шумите и им објаснуваат како функционираат флората и фауната
Шумарот Ралф не е само водач низ шумата и познавач на природата. Прошетките со љубителите на природата за него понекогаш се и час на воспитание. Еднаш група на вознемирени момчиња од Дортмунд постојано им упаѓала на другите во збор и не успевала да се концентрира:
„Стоевме на сред шумата. Реков, а сега никој да не прозбори. Околу 30 секунди беше мртва тишина.”
Најчесто тука „луѓето од градот” се смируваат, се „спуштаат“ бидејќи тука на пример не наоѓаат бука, која би ги правела агресивни, забележува Ралф Шмит. Секојдневно шумарот Ралф собира нови искуства и неговото познавање на луѓето постојано расне:
„Чудно, отсекогаш сакав да бидам шумар. Сакав по секоја цена во шума. Сакав надвор да работам нешто занаетски, практично. Сега пронајдов работа на соништата, како шумар да пешачам по шумата.”
Подобро да се опомене отколку да се казни
За да работи како шумар, Ралф Шмит мораше да студира. Шумарите се одговорни за стопанската управа на една шумарска област. Се грижат за шумските патеки, дозволуваат сечење на дрва и пошумување на нови површини. Главна задача на шумарите е на заинтересираните да им го објасни природното опкружување, да опоменат, но и да собираат смет што посетителите на шумите го оставиле зад себе.
„Кога некој фрла смет, ние можеме само да го отстраниме. Сметам дека е најдобро на човек да му се објаснат работите, а не човекот да се казни.”
Извор: dw.com
No comments: