Двајца кратовчани вработени во ЈП “Македонски шуми” заработија кривични пријави


НК КР Кратово поднесе кривична пријава против Ј.С. (52) и Г.Б. (55) двајцата од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “соизвршителство“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, на работно место рефрент за сеча, дотур и превоз во приватни шуми, и второпријавениот на работно место-шумочувар, двајцата вработени во ЈП ,,Македонски шуми“ – ПШС Кратово овозможиле Г.З. од Велес и Е.А. од Радовиш да извршат бесправна сеча на 42,5 метри кубни буково огревно дрво во катастарските општини Којково и Мушково, во Кратово, и при тоа да се стекнат со имотна корист од 297.451 денари, информираат од МВР.

Извор: /iportal.mk/

No comments:

Powered by Blogger.