Охриѓани ќе ги заменат егзотичните палми со егзотични цреши


Охриѓани одлучија палмите кои беа насадени на охридскиот кеј, од кои што дел се веќе исушени, да се искорнат, а на нивно место да бидат засадени јапонски цреши или врби, изјавуваат од ЈП „Охридски Комуналец”. За да се отпочне со нивното корнење се чека одлуката на новоформираната општинска комисија која што следниве денови треба да утврди кои палми ќе бидат искорнати.
Директорот на ЈП “Охридски Комуналец“ Љупчо Грдановски вели дека немаат намера да ги покриваат палмите кои беа насадени на кејот, бидејќи според нив тоа било во надлежност на ЈП “Македонски шуми“. Од таму изјавуваат дека порадо тоа што овие палми не се автохтони видови измрзнале од студот. Во план било на нивнот место да се насадат поотпорни и поадаптирани дрвни видови за нашето поднебје, како што се јапонски цреши или врби, но одлуката за видот на садници требало да ја донесе општинската комисија.
Вработените од ЈП “Охридски Комуналец” веќе започнале со замена на некои палми на булеварот Туристичка. Пред извесно време биле засадени 160 садници на јасен и јавор, за што чија набавка биле потрошени беа околу еден милион денари.
Во овој наш туристички бисер, како дел од кампањата на претходната Влада на Никола Груевски за садење палми низ нашата држава, преку ЈП „Македонски шуми“ беа набавени и засадени преку 200 палми во градот на источното крајбрежје, од кои што поголемиот дел се исушија и покрај тоа што преку зима беа покривани со специјални заштитни платна.
Колку за потсетување, ЈП “Македонски шуми“ кое тоне во долгови, со години постојано крати од примањата на вработените и кое располага со одамна изамортизиран возен парк, за набавка на 1.100 палми “во ветер фрли“ скоро пола милион евра и никој не понесе ниту морална одговорност за тоа. Изгледа туѓи пари лесно се трошат.


Анегдота со црешовите гранчиња и охриѓани

Ова со црешите ме потсетува на една анегдота, која еден постар колега ја кажуваше на шала. Тој еднаш ме праша дали знам зашто за време на втората светска војна кога бугарите влегле во Охрид таа година црешите не прородиле. Јас нормално појма немам.


Ми вели, во тој период охриѓани неколку пати излегувале на улиците да ги пречекаат бугарските војници, но бидејќи била рана пролет и немало процветано ниту едно цвеќе, започнале да ги кинат расцветаните црешови гранчиња за да ги пречекаат како што доликува на добри домаќини со цвеќе во рацете. Арно ама тоа се пролонгирало неколку пати, па еве сега - еве подоцнат ќе влезат во градот, ги испокршиле сите расцветани гранчиња.
Кутрите црешни таа година останале без цветови, што резултирало без црешови плодови.
А ете, којзнае може затоа охриѓани се благонаклонети на садењето црешови дрвца.
  

No comments:

Powered by Blogger.