Убод од Крлеж- Кои Симптоми Можат да се Појават
Пролетта, покрај тоа што е можеби најубавото годишно време, со себе ги носи и бројните алергии, настинки, и главоболки од промена на времето. Но ако сте родител и често минувате време во природа со вашето дете, сигурно сте се запрашале како изгледа и колку е опасен убодот од крлеж. Типично за пролетното време, крлежите се насекаде каде што има треба и зеленило, па ајде да се информираме подобро.
Убодите од крлеж, вообичаено се безопасни и не предизвикуваат особени симптоми. Доколку сте алергични, меѓутоа, можно е да искусите:
· болка или воспаление на местото на убодот
· чешање
· сензација на печење на местото на убодот
· пликови
· тешкотија при дишењето
Некои крлежи носат болести и зарази, кои можат да бидат пренесени при убодот. Ваквите болести можат да предизвикаат палета на симптоми, и вообичаено истите се развиваат првите неколку недели после убодот. Потенцијални симптоми вклучуваат:
· Црвенило и осип близу местото на убодот
· Осип преку целото тело
· Вкочанетост во вратот
· Главоболка
· Мачнина
· Омалаксаност
· Болка на мускулите и зглобовите
· Температура
· Треска
· Потечени жлезди
Во случај на вакви симптоми, важно е веднаш да појдете на консултација со доктор.
Може ли убодот да предизвика и други проблеми?
Крлежите може да пренесат болести на човекот. Овие болести, знаат да бидат навистина сериозни. Повеќето знаци и симптоми ќе се јават, како што рековме, првите неколку недели после убодот.
Откако ќе побарате консултација со доктор, важно е да се напомене дека сте имале убод од крлеж неодамна. Докторот, тогаш, ќе направи низа тестови за да утврди дали симптомите се резултат на болест пренесена од крлеж преку убодот.
Некои од овие болести се:
· Лајмска болест
· Колорадо крлежна треска
· Карпестите планини пегава треска
· Туларемија
· Ерлихиоза
Затоа е важно, откако крлежот внимателно ќе се отстрани, да се внимава на појава на симптомите наведени погоре.
Во нареден текст ќе говориме за внимателно отстранување на крлежот после убод, како и најчестите места на телото каде убодот вообичаено се случува.
Извор: /hedonia.mk/
No comments: