Билкарството исплатлив бизнис
Иако билкарството е вносен бизнис, недоволно се практицира во Македонија, вели кумановецот Столе Стојанов, кој повеќе од десет години се занимава со оваа дејност.
Семејството Стојанови од Куманово повеќе од една деценија се занимава со билкарство. Тие собираат билки, но и на нивниот имот самите ги одгледуваат на култивиран начин. А чаевите и зачините излезени од нивната аптека го имаат задржано автентичниот мирис и вкус, кој останува по соодветно третирање, односно сушење и главно рачно преработување на на билките. За најсоодветно третирање на билките во близина на садниците тие имаат изградено и сушара, во селото Старо Нагоричане. За значењето на
Во пролетниот и летниот период се добива исклучлително квалитетна билка која со термичко сушење не може да се добие. Битно е да се берат само деловите од билката кои се сушат, да не се става за сушење дрвенестиот, коренестиот дел, туку само цветот, листот и она што се употребува.
Сушарата на билките
Стојанов вели дека е најбитно: „Да имате квалитетен производ, квалитетна билка. Потоа да е блиску до нивите, до местото каде што билката се произведува. Билката да не трпи транспорт, бидејќи многу е чувствителна на транспортот, на гмечење, на туткање.“
Но, Стојанов додава дека сушарата треба да биде соодветно поставена. „Да нема светлост, а да има провев. Во пролетниот и летниот период се добива исклучлително квалитетна билка која со термичко сушење не може да се добие. Битно е да се берат само деловите од билката кои се сушат, да не се става за сушење дрвенестиот, коренестиот дел, туку само цветот, листот и она што се употребува.“
Колку време треба да се исуши билката?
„Во оптимални услови после месецот мај, билката се суши за три до четири денови. Некои билки и една недела. Во есенските и дождливите периоди Македонија има доста сончеви денови, така да етеричноста на билките е во доста добар квалитет. Процесот е подолг и до две недели, но во тоа време билките даваат малку послаб квалитет.“
Стојанов раскажува дека билките од нивната аптека потекнуваат од околните ридови.
„Берени се на нивите каде што се култивирани со органско производство, со правилен начин на култивирање по што се добива добра билка и блиску се до сушарата. Потенцијалите на билките ги има и на околните ридови и планини, кои минимално се искористени.“
„Берени се на нивите каде што се култивирани со органско производство, со правилен начин на култивирање по што се добива добра билка и блиску се до сушарата. Потенцијалите на билките ги има и на околните ридови и планини, кои минимално се искористени.“
Богато ли е козјачието?
„Богато е затоа што е сиромашно со шума, има планински ливади и има многу квалитетни билки затоа што се изложени на убави сончеви зраци. А Македонија има доста сончеви денови, така да етеричноста на билките е во доста добар квалитет.“
Има планински ливади и има многу квалитетни билки затоа што се изложени на убави сончеви зраци. А Македонија има доста сончеви денови, така да етеричноста на билките е во доста добар квалитет.
Тој објаснува дека чаевите и зачините може да ги употребува секој човек. Тие се дотолку лековити доколку се користат како превентива, која пак е предуслов за здрав живот. Меѓутоа, од искуството на семејството Стојанови, Столе има и препорака за земјоделците:
„Луѓето кои се занимаваат со земјоделие може да егзистираат од билкарството. Со култивирање на билките, со организиран пласман што може да се постигне и не треба многу голема плодност на земјиштето, не треба некои особени услови какви што останатите земјоделски растенија ги бараат.“
За субвенциите кои се неопходни за земјоделските производители Стојанов вели:
„Државата има капацитет за субвенции, но многу пати тие остануваат нереализирани. За жал! Бидејќи недостасува организираност кај самите земјоделци.“
„Државата има капацитет за субвенции, но многу пати тие остануваат нереализирани. За жал! Бидејќи недостасува организираност кај самите земјоделци.“
Козјачко-пчињскиот регион е еколошки чиста средина, но Стојанов вели дека има несовесни луѓе кои ја загадуваат реката, за што надлежните треба да преземат мерки за да се заштити оваа природна и здрава средина.
Извор: /slobodnaevropa.mk/
No comments: