Почва – живата кора на земјата
Според некои неофицијални податоци, повеќе од 25% од земјишната површина во Македонија се смета за значително еродирана. Почвата го претставува живиот слој на Земјата, а Земјата го претставува нашиот дом. Доколку ја уништуваме почвата преку испуштање на токсични материи во неа,
Доколку ја уништуваме почвата преку испуштање на токсични материи во неа, преку сечење на шумите, што доведува до ерозија, преку подметнување на пожари и преку неконтролирана употреба на пестициди, самите се доведуваме во ситуација која е мошне сериозна – доаѓа момент на самоуништување, при што свесно си го загрозуваме нашето живеалиште, нашиот дом.
Битката со ерозија и намалување на квалитетот на земјиштето во Македонија, претставува приказна која доколку не се преземе нешто, нема да има среќен крај. Од вкупната територија на Македонија, околу 25% од земјиштето го сочинуваат пасиштата, 25% обработлива земја – ливади, лозја и овоштарници, 10% претставуаваат голините, 2% претставуваат езерата, 2,5% градско или индиустриско земјиште, додека 35% од територијата е претставено со шумско земјиште. Најзначајниот дел на хумусот во здраво земјиште содржи во просек околу 58% јаглерод. Овој податок е доста значаен, бидејќи доколку почвата на земјата е со намален квалитет, тоа ќе се карактеризира со намалена способност за задржување на јаглерод во неа, при што поголема количина на јаглерод ќе заврши назад во атмосферата, а со тоа ќе се придонесе кон поголема количина на создадени стакленички гасови.
Тенкиот слој на земјиштето, кој лежи над цврстата земјина обвивка, односно земјината кора, може да се нарече земјина кожа. Овој дел е жив, односно полн е со микроорганизми, глисти, печурки, минерали и хранливи состојки, со што се овозможува нормален раст и развој на разни растенија и дрвја, кои помагаат во одвивање на процесот на фотосинтеза, при што се врзува јаглеродниот диоксид од атмосферата.
Кога доаѓа до деградирање на земјиштето, како на пример, неконтролирано сечење на шумите, подметнување на пожари, неконтролирано орање и претерана употреба на синтетички/хемиски соединенија, односно почвата, овие процеси станунваат нарушени при што доаѓа до сериозни последици. Една од тие последици е краткотрајното зголемување на приносите, но по цена на долгорочно загрозување на плодноста на почвата. Губењето на плодноста на почвата доведува до уништување на количините на јаглерод внатре во почвата при што доаѓа до несакани ефекти.
НАМАЛЕН КВАЛИТЕТ
Во Македонија пасиштата се распространети на околу 630.000 хектари, но се карактеризираат со продуктивност далеку под очекувањата. Во просек само околу 270 kg/ha, при што истите може да достигнат до 800 kg/ha. Ова се должи на намалениот квалитет на почвата, кој како што спомнавме, се должи на непромислените активности на луѓето. Неправилното стопанисување со обработливото земјиште и уништувањето на шумите, придонесоа за појавата на ерозија во голем дел од земјата. Според некои неофицијални податоци, повеќе од 25% од земјишната површина во Македонија се смета за значително еродирана.
Економската штета која е резултат од појавата на ерозија претставува огромен удар за Македонија. Годишната загуба на земјиште изнесува околу 17 милиони m3, од кои 7 милиони m3 се изнесуваат како нанос од Македонија со помош на речните текови. Ваквите податоци ни укажуваат дека ситуацијата е сериозна, а кога ќе го додадеме и податокот дека ерозијата со себе секогаш ја носи најплодната земја, тогаш ситуацијата од сериозна преоѓа во алармантна. Почвата има активна улога во кружењето на јаглеродот, при што во почвата се складира количество на јаглерод, кое е поголемо за три до четири пати од вкупната количина што ја складираат сите растенија на Земјата заедно. Јаглеродот навлегува во почвата преку корењата на растенијата, и преку распаѓањето на органските материи како лисјата и гранките. Дел од овој јаглерод се враќа во атмосферата, но поголемиот дел се задржува внатре во почвата.
Извор: /porta3.mk/
No comments: