Пилот проект за регионален план за управување со шумите во Малешевијата


Во Берово се одржува првата работилница за регионално управување со шумите како нов концепт за нивна заштита од сите аспекти и вклученост на сите засегнати страни.
Работилницата се одржува во рамки на проектот „Регионален план за управување со шумите како можност за одржливо управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница“ кој е дел од активностите на Програмата за зачувување на природата на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата за зачувување на природата, истакна дека станува збор за нов концепт за регионално управување со шумите којшто не е вклучен во нашата законска регулатива, но искуствата од многу европски змеји, меѓу кои и Швајцарија, се големи.
– Со Програмата за зачувување на природата сакаме со овие пристапи да започнеме еден процес за заедничко планирање на идното одржливо управување на шумите. Регионалниот план за управување со шумите е пилот активност во рамки на компонентата за интегрираното управување со шумите. Сметаме дека шумите не треба да се гледаат како извор на дрвна маса и економскиот аспект на шумите, туку тука се и другите услуги кои шумите и шумските екосистеми ги даваат во развојот на туризмот, поддршката на ЛЕР, користењето на шумските плодови, вели Шушлевска.
На работилнцата ќе биде презентиран концептот за регионално планирање на управувањето со шумите и преглед на процесот во Македонија, а професорот Јурген Бласер од Универзитет од Берн потенцира дека ова е една рамка која подразбира долгорочно управување на шумите кое ги вклучува сите страни.
– Станува збор за пилот проект. Почнуваме од Берово и Пехчево и се надеваме дека на овој начин ќе се даде модел којшто ќе се применува во целата земја. Со ова би можеле да се привлечат финансиски средства кои ќе бидат употребени за заштита на шумите и за промовирање и унапредување на туризмот, бидејќи шумите не се користат само како огревно дрво, тука имаат и многу други функции, истакна Бласер.
Процесот на подготовка на регионалниот план за управување со шумите ќе биде интензивен во следните месеци, а кон крајот на 2018 година се очекува првата нацрт-верзија.



No comments:

Powered by Blogger.