Мораториум, во Албанија се забрануваат сечите на дрвјата во следните десет години
"Уништувањето на шумите, речните корита, уништувањето на заштитната инфраструктура, насипите на дренажните канали, не доведоа до ивицата на бездната, што ние се обидовме да го спречиме во изминативе две години, но денес, по две години, ние сме подготвени да преземеме уште еден понатамошен чекор со одобрувањето на десетгодишниот мораториум", рече премиерот Еди Рама.
Според него, неодамнешните поплави се должат на алчноста на голем број на луѓе да го земат она што не им припаѓа, да градат каде што не им е дозволено да градат и да живеат на она место што не им припаѓа на нив.
Според министерот за животна средина Лефтер Кока, во последните две години во Албанија биле извршени 7.200 инспекции, биле издадени 1.030 парични казни и 70 лица биле обвинети.
Според катастарските податоци, Албанија има околу 1,5 милиони хектари шума и 480 илјади хектари вегетација.
Експертите велат дека по огромниот интензитет на сечи на шумите и шумските пожари, останале само околу 400 илјади хектари вистински шуми. Остатокот се претворил во ниски шуми, грмушки и неплодна земја.
Во Албанија постојат дури и области кои се претвораат во пустини, феномен кој не е природен во Медитеранот.
Извор: / ibna /
No comments: