ЈП Македонски Шуми има нов Генерален Директор
На предлог на Владата на Република Македонија, на 05.08.2017 година
Управниот Одбор, едногласно го избра дипл.шум.инж. Зоран Ѓорѓиев за нов
Генерален Директор на ЈП “Македонски Шуми“.
Зоран Ѓорѓиев е роден на 18.02.1971 во Кавадарци. Основно и средно
училиште завршува во Кавадарци. Дипломира на Шумарскиот факултет во Скопје .
Во ЈП Македонски Шуми работи повеќе од 20 години, поточно од 1996
година кога се вработува како шумарски инженер во подружницата на ова
претпријатие во Кавадарци. Од 2004 до 2006 е директор на ЈП Македонски Шуми
подружница Кавадарци.
Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската
Организација на СДСМ од Кавадарци.
No comments: