Македонски шуми ќе купува палми за половина милион евра!


Не, ова не е нова вест, туку една стара интересна вест која пред неколку години (некаде  во 2014 година) беше ТОП тема по нашите медиуми. Станува збор за начинот на кој се пушумуваше нашата држава и морам да признаам некако ми е - симпатична и вицкаста. Инаку да нема забуни, веста е во целост превземана од еден наш медиум, само убаво е да се потсетиме - за “новите“ што носат одлуки да бидат свесни дека некои работи не се забораваат.

ЈП Македонски шуми ќе потроши речиси половина милион евра за набавка на палми.
Во огласот кој денеска е објавен од Бирото за јавни набавки, ова јавно претпријатие бара понудувач кои ќе набави 1100 садници палми, од видот Trachycarpus fortune ( влакнеста палма) со височина на стеблото над 4 метри.
Според проценетата вредност, садниците, без ДДВ би чинеле ооколу 29 милиони денар.
Освен стандардните документи потребни за учество на тендер, Македонски Шуми имаат и специфични барања.
Садниците треба да бидат со сертификат или уверение за нивната здравствена состојба и да имаат декларација за потеклото и школуваноста на садниот материја,

Извор: lokalno.mk




Еве ја истата вест во “ремих“ верзија :)



ПАЛМИ ВРЕДНИ 500.000 ЕВРА ЌЕ ГИ ЛАЖАТ ТУРИСТИТЕ ДЕКА СЕ НА МОРЕ


Вкупно 1.100 палми, планира да купи Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за што очекува да потроши 500.000 евра.
Тендерот е веќе објавен и во него се бара палмите да бидат од видот „влакнеста палма“ и со висина на стеблото над 4 метри.
Според директорот на „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, палмите ќе се садат во Дојран, Преспа, Гевгелија, Охрид и Струга со цел да ги разубават туристичките места, а на туристите да им овозможат приморска глетка.
Тендерот, како што се појаснува од „Македонски шуми“е распишан во согласност со владина одлука донесена во рамки на Програмата за рурален развој.
Караџоски тврди дека објавената сума од 500.000 евра е само проценета вредност на набавката и дека услов за избор покрај другите услови е и најниската цена, што пак значи дека е можно палмите да бидат набавени и по пониска цена од проценетата.
Во тендерските критериуми е предвидено садниците да бидат со сертификат или уверение за нивната здравствена состојба и да имаат декларација за потеклото и школуваноста на садниот материјал.
Ако тендерот биде успешен, палмите ќе пристигнат на почетокот на ноември.

Извор:  makborba.mk



No comments:

Powered by Blogger.