Етат
Етатот се планира врз основа на Плановите за стопанисување со шумите за
стопанска-економска намена.
Во секоја претходна, за наредната година, врз основа на плановите за
стопанисување со шумите, на ниво на подружници и ЈП "Македонски
шуми", се изготвуваат и донесуваат Производно-финансиски планови.
Користењето на етатот од страна на Јавното претпријатие не е во
сооднос со предвидениот. Коефициентот на користење на сечивиот етат се движи
околу 0,70 во однос на можниот предвиден со посебните планови за стопанисување
со шумите. Овој проблем е тесно сврзан со планирањето на обемот на сечите,
отвореноста на шумите, сезонскиот карактер на патната инфраструктура,
несоодветна и застарена механизација, нелојална конкуренција на пазарот на
огревно дрво и сл. На пазарот е присутна нелојална конкуренција од продажба на
дрво од страна на приватни лица кои нудат нелегално посечено дрво во државна
шума, без дозвола. Нелегалната сеча се одвива на најразлични начини и по
најразлични канали и претставува голем проблем за шумарството и фонкционирањето
на ЈП. Поради наведените причини големи количини на дрво во Јавното
претпријатие остануваат на плацовите (за подоцна да се декласираат) и тоа во
услови на нецелосно искористен етат, со што се нанесуваат огромни штети и
загуби.
No comments: