Македонски шуми оштетени за речиси 300.000 денари, пријави за референт и шумар
Кратовската полиција поднесе кривична пријава против Ј.С. (52) и Г.Б. (55) двајцата од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство во врска со злоупотреба на службена положба и овластување.
Првопријавениот, на работно место рефрент за сеча, дотур и превоз во приватни шуми, и второпријавениот на работно место-шумочувар, двајцата вработени во ЈП ,,Македонски шуми“ - ПШС Кратово овозможиле Г.З. од Велес и Е.А. од Радовиш да извршат бесправна сеча на 42,5 метри кубни буково огревно дрво во катастарските општини Којково и Мушково, во Кратово, и при тоа да се стекнат со имотна корист од 297.451 денари.
Извор: https: /mkd.mk/
No comments: