Во 2016 година планетата Земја изгубила површина под шуми со големина на Нов Зеланд
Сечата на дрвјата е голем проблем - но шумските пожари предизвикани од климатските промени се уште полоши.
Тоа е проблем што веројатно ќе продолжи да се влошува, бидејќи климатските промени ја зголемуваат топлината и сушите.
Дождовната шума во Амазон обично не се пали. Но, кога во 2016 година во Бразил изгореа 9,1 милиони хектари, тоа му помогна на светот да го собори новиот рекорд. Минатата година на глобално ниво беше изгубено повеќе шума отколку во која било друга година, што беше еднакво на површината на Нов Зеланд.
Со примена на компјутерска анализа на стотици илјади сателитски слики, научниците на Универзитетот во Мериленд пресметале дека во 2016 година се изгубени 73,4 милиони хектари шумска површина површина покриена со дрва, што е за 51 отсто повеќе од претходната година.
Поголем дел од нив потекнувале од искористувањето на шумите, но исто така и чистите сечи за земјоделството и рударството одиграле голема улога. Стотици пожари уништија 4% од вкупната дрвена покривка во Португалија. Во шумскиот пожар во канадскиот град Форт Мекмуреј изгореа 1,5 милиони хектари. Дождовните шуми во Индонезија, Република Конго и Бразил, исто така, изгореа.
Намалување на површините под шуми во 2016 години во Висеу Пртугалија; регионот Санга во Конго; и Форт Мекмуреј во Канада
"Пожарите не се случуваат природно во Амазон", вели Микаела Вајс, истражувачки аналитичар во непрофитниот World Resource Institute's Global Forest Watch, која објави анализа на податоците од Универзитетот во Мериленд. "Тие се речиси секогаш предизвикани од човечка интервенција или негова употреба на оган".
Во 2016 година, сушата и високите температури ги направија дождовните шуми повеќе подложни на пожари предизвикани од човекот; покрај тоа, сечата на дрвјата и пожарите ги проредчуваат шумите, со што се зголемува ризик факторот и веројатноста од шумски пожари во иднина. "Областите што веќе биле опожарени, сега кога тие се проредчуваат се со поголема веројатност повторно да бидат опожарени", вели Вајс. "Има повеќе сончева светлина што допира до приземниот шумски кат и тло и ги загрева, така што на тој начин предизвикува верижна реакција или позитивна повратна врска".
Тоа е проблем кој што веројатно ќе продолжи да се влошува, бидејќи топлината и сушите од климатските промени иницираат пожари во области кои обично се имуни на шумски пожари и правејќи ги нив се почести таму каде што веќе се појавиле. И пожарите исто така ги влошуваат климатските промени. Во Индонезија, емисиите од шумските пожари во 2015 година ги надминуваа емисиите на штетни гасови од целата американска економија на дневна основа, се додека тие не изгореа.
Намалувањето на уништувањето на шумите може да помогне да се намали ризикот од шумски пожар, велат научниците, исто така и забраната за палењето огнови во најсушните и најризични периоди (Бразил и Индонезија имаат политики за ограничување на праксата на исечи-и-запали, што е расчистување на шумското земјиште за земјоделски потреби, но не е јасно колку добро се спроведуваат) . Сензорите за рано предупредување од шумски пожари - со што полесно се контролираат - исто така може да помогнат.
No comments: