Кривична пријава за четворица радовишани за дива сеча на Плачковица



Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против четворица радовишани,  кои се сомничат за сторено кривично дело „кражба на шума“. Најмладиот од осомничените е на возраст од 18 години, а најстариот има 32 години.
Осомничените на 17-ти октомври оваа година околу 10.00 часот  на месноста “Јорданина Чешма“, која се наоѓа на планина Плачковица,  исекле 18,62 метри кубни буково техничко дрво. Дел од дрвата потоа ги однеле во дворот на еден од осомничените, додека дел ги продале и се стекнале со противправна  имотна корист од околу 195.500 денари, велат извори од полицијата.


No comments:

Powered by Blogger.