Од извоз на лековити билки Албанија годишно заработува 28 милиони долари


Ароматичните и лековитите растенија заземаат многу значајно место во албанскиот извоз, бидејќи годишниот приход од нивната продажба во странство се проценува на околу 28 милиони долари.
Тие успеале да се пробијат на многу значајни пазари, па овие билки се извезуваат во многу држави, како Германија, Франција, Италија, па се до САД, при што само жалфијата опфаќа 65% од американскиот пазар.
– Според оценката на американската агенција за развој УСАИД, овој пазар има можност да се зголемува. Поради тоа албанската Влада треба да го подржи секторот со инвестиции за изградба на соодветни импијанти за стерилизација од салмонела, наведува тиранската телевизија Топ-чанел.
Албанскиот министер за земјоделство вели дека автентичните продукти ќе добијат сертификити како албанска марка, додека за да се зголеми безбедноста при нивното одгледување се разгледува можноста за изградба на лабораторија преку јавно-приватно партнерство.


No comments:

Powered by Blogger.