Влијание на шумите и вегетацијата врз климата
Бидејќи во последен период планетата Земја се соочува со глобална промена
на климата ние ќе спомнеме еден фактор кој условува и има влијание, каква ќе биде
климата и нејзината промена.
Во зависност од локалните услови шумите и вегетацијта исто така, некаде
повеќе, а некаде помалку влијаат на климата. Тоа влијание особено се согледува во:
• внатрешноста на самите шуми и на
• климата на околниот простор
Бидејќи секоја промена на карактерот на подлогата предизвикува и промена
на климата, како што е на пример со сечата и уништувањето на шумите, растителната
покривка и друго.
Досега се направени многу истражувања за да се докажат овие влијанија. Резултатите
јасно покажуваат дека шумите и вегетацијата посебно влијаат врз одредени климатски
елементи, и тоа врз: температурата, влажноста на воздухот, ветерот и друго. Така
на пример, докажано е дека растителната покривка, во која се вбројува и шумата,
има големо влијание врз распределбата на температурата на воздухот во ниските слоеви.
Л. Иванов ги истражувал температурните промени во букова шума и констатирал дека
под круните интензитетот на сончевото зрачење е за 20-25 пати помало од онаа на
отворено поле.
Растителната покривка докажано е дека влијае и на влажноста на воздухот
бидејќи испарувањето на водата од земјината површина и од површината под растителната
покривка не е исто.
Bo однос на влијанието на шумите врз врнежите постојат доста пооделни мислења.
Во однос на јачината и брзината на ветрот установено е дека тој над шумите се зголемува,
позади шумите се намалува, а во самата шума се јавуваат вртоложни движења на ветрот
кои се забележливи до 300 метри во височина. Намалување на брзината и јачината на
ветрот во шумата влијае и врз распределбата на снежната покривка, врз густината
на снегот итн.
Сите наведени констатации јасно покажуваат дека шумата ја модифицира кимата,
односно дека шумите создаваат повлажна но и поуедначена клима, посебно за време
на летниот период. Од наведеното може да се заклучи дека шумите имаат големо значење
за планетата Земја па секако и за нас луѓето, а во иднина треба да се работи за
зачувување на „белите дробови" на Земјата.
No comments: