Интересни податоци за Шар планина
Шар Планина е една од нашите
најубави планини. Таа се простира во крајниот западен дел од нашата држава и
високо се издига над полошката котлина. Поледниве години се погласни се
поборниците оваа планина да биде прогласена за национален парк за да се зашува
нејзината природна убавина и богатството на флора и фауна. Во продолжение
запознајте се со некои интересни податоци за овој наш планински бисер, кои се
потенцирани од пријателите на Шара.
МЕСТОПОЛОЖБА
·
Највисокиот врв на Шар Планина е Титов Врв
·
Се до крајот на XIX век се сметало дека Шар
Планина, со врвот Љуботен е највисока планина на Балканот.
·
Во антиката, Шар Планина била позната како
Scardus.
·
Најниската температура измерена на Попова Шапка
е -23,7°C, а највисоката 30,6°C.
·
Во просек, на Попова Шапка се јавуваат 149
денови со снег (септември-мај/јуни).
·
Шар Планина е единствен масив во Европа каде што
може да се оди 95 километри, од Љуботен до последниот врв кој се вика Расангул,
и во ниеден момент да не се спуштите под 2200 метри надморска висина.
·
Под подножјето на Шар Планина низ векови
настанувале и се развивале различни религии од кои доминираат исламската
и православната религија.
·
Највисок врв е Титов Врв (2748 m), а планината
се одликува со голем број врвови кои се издигнуваат над 2000 м.
·
Шар Планина е долга 80 километри и 30 километри
широка.
ВОДА
·
Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот
на глацијални езера.
·
Од највисоките делови на Шар Планина кон дното
на Полог се спуштаат голем број слапови и водопади, од кои најмарканти се оние на Вратничка река.
·
Најголемата вардарова притока, Пена,
се создава на Шар Планина. Речиси сите реки на оваа планина припаѓаат на
сливното подрачје на реката Вардар.
·
Најголемо езеро на Шар Планина е Боговинското
езеро. Неговата длабочина изнесува 4-5 м.
·
На Шар Планина има околу стотина извори, од кој
највисоко се наоѓа изворот во циркот на Големото Езеро (2.460 м)
·
Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот
на глацијални езера, кој изнесува 30, од кои 21 се постојани.
·
Во изворишниот дел на Боговинска Река на Шар
Планина, се наоѓа фосилизиран карпест глечер со должина околу 1,5 км.
ФЛОРА
·
На Шар Планина се застапени скоро сите
вегетациски појаси што се среќаваат во Македонија.
·
Шумите на Шар Планина растат до 1700 метри
надморска висина, а над нив почнуваат пасиштата кои заземаат околу 550
километри квадратни и застапени се во јужниот дел на планината . Со овој
факт се докажува зошто толкму од овој регион произлегуваат најквалитетните
млечни производи.
·
На централна Шар Планина во субалпскиот појас се
среќаваат единствените смрчеви шуми во Македонија.
·
Флората на Шар Планина, според моменталните
податоци, брои над 2000 видови васкуларни растенија, што е повеќе од половината
флора на цела Македонија. Околу 200 од овие видови се ендемични и субендемични.
·
На Шар Планина до сега се откриени околу 700
вида на силикатни алги – дијатомеи. Овие видови укажуваат на чисти води со
низок степен на загадување.
·
Колку помала височина – толку поголем број
видови на алги, колку поголема височина – толку повеќе екстремно ретки видови.
·
Во моментов, од Шар Планина се познати околу 365
габи. Околу 80 од овие видови може да се користат за човекова исхрана, а 18 се
сметаат за значајни од аспект на биолошката разновидност.
ФАУНА
·
На Шар Планина има околу 167 видови дневни
пеперутки, што е 83% од фауната на дневните пеперутки на Македонија.
·
До сега, на Шар Планина се откриени 40 видови
скакулци, што се претпостаувуа дека е половина од реалната бројка. Од нив, 7 се
субендемити (ендемити кои имаат голем ареал на распростанување, односно не се
локални).
·
Од тврдокрилците, најзначајни се тркачите, кои
се застапени со 140 видови, од кои 41 се еднемични за Шар Планина.
·
Фауната на копнени полжави е застапена со 49
видови, од кои 5 се шарпланински локални ендемити, а уште 11 се балкански
ендемити.· Рибите на Шар Планина се слабо проучени, но се
·
Рибите на Шар Планина се слабо проучени, но се
знае дека популацијата на поточната пастрмка е под силен антропоген притисок,
бидејќи е подложена на спортски риболов со нелегални методи на ловење.
·
Од вкупно 15 видови на водоземци во Македонија,
12 се среќаваат на Шар Планина, а 5 од нив се строго заштитени видови според
Конвенцијата за зачувување на европските диви видови и станишта (Бернска
Конвенција).
·
На Шар Планина се регистрирани 18 видови на
влекачи, што е половина од вкупниот број во Македонија, од кои 13 се строго
заштитени. Меѓу нив најзначајна е остроглавата лутица, која е класифицирана
како загрозена на светската црвена листа.
·
Орнитофауната (фауната на птици) на Шар Планина
е застапена со повеќе од 130 досега забележани видови, од кои дури 96 се строго
заштитени, а за 22 видови е потребно спроведување мерки за нивна заштита.
Најинтересен е крексот – вид загрозен во Европа.
·
Во минатото, на Шар Планина се забележувале
денес исчезнатите брадест и црн мршојадец, како и повеќе видови орли и соколи.
Од мршојадците денес се забележува само белоглавиот, кој не гнезди на планината
туку доаѓа во летните месеци во потрага по храна.
·
Значајни белези за Шар Планина се и локалната
раса куче – шарпланинец, како и овцата шарпланинка.
·
На Шар Планина се регистрирани 45 видови цицачи,
од вкупно 78 во Македонија. 5 од нив се класифицирани како загрозени. Од
најголемо значење е заштитата на балканската полјанка, кафеавата мечка,
балканскиот рис и дивокозата. Балканскиот рис е силно загрозен и мал број
единки успеале да опстанат само во јужните делови на Шар Планина.
No comments: