Упатство за стопанисување со приватни шуми


Голем број граѓани кои поседуваат шуми и кои сакаат да се снабдат со дрва за огрев од нив, се судруваат со одредени проблеми од администаритвна природа. Тие често се распрашуваат за да дознаат каква е процедурати и какви документи се потребни, па непотребно губат време и лутаат од едно до друго место.
Во продолжение ќе најдете кратко упатство за тоа кои докумети се потребни и за целата процедура за сеча и превоз на дрвото од приватните шуми во Македонија.

Поднесување на документи

Документи од лице кое бара одобрение за сеча се примаат доколку се исполнети законските услови од Законот за шуми. Барање за одобрение за сеча се поднесува во архивата на подружницата на ЈП “Македонски шуми“ или во друга служба во подружницата која е овластена за прием на документи.
Потребни документи при барање одобрение за сеча се:
- пополнето барање за одобрување на сеча (образецот се добива во подружница);
- документ - доказ за сопственост на шумата;
- доказ за промена на култура (од земјоделско земјиште во шума);
- изјава од барателот дека поднесените документи се веродостојни и дека одговара за истите во случај на спор.

Доколку на една парцела се јавуваат по веќе сопственици, барањето го пополнуваат и поднесуваат заедно или овластуваат лице кај нотар.
При прием на документите странката поднесувач треба да добие приемен број со датум.
Врз основа на доказите и Закон за шумите, на странката и се издава одобрение за сеча или заклучок за одбивање. Во заклучокот за одбивање мора да стои образложение за одбивањето и истото да се достави на странката во рок од 30 дена по поднесувањето на документите од странката.
Незадоволната странка може да се жали до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 15 дена по приемот на заклучокот за одбивање.

Ознака за сеча (маркирање)

Маркирање на дрвна маса се врши по претходен план во кој се утврдуваат термини за посебни КО или села и за термините благовремено се известуваат странките.
Доколку за парцелата не е отворен евидентен картон, се отвора истиот. При маркирација стручното лице ја евидентира означената дрвна маса по вид и количина во карнетка за приватни шуми и еден примерок од карнетката прикачува во евидентниот картон. При стеблимична ознака, на кореновата жила се удира нумерација (број) и триаголен жиг (црна или црвена боја), а на градна височина триаголен жиг (црна или црвена боја)
Врз основа на податоците од маркирање, се добиваат податоци за бруто означена дрвна маса. Исто така врз основа на овие податоци странката врши уплата во подружницата за услуга - маркирање како и уплата на средства за проста репродукција.
По ова странката добива: одобрение за сеча со рокови за извршување на работите во шума. Роковите за извршување треба да се прилагодат на потребите и можностите на странката. Доколку странката не ги заврши работите во шума во предвидените рокови, се издава ново одобрение за сеча.

Сеча, прием и превоз на дрво

По извршена сеча, се врши проверка дали е сечата извршена согласно извршената ознака, посечената дрвна маса се премерува од страна на овластено лице (огревот е во фигури), се жигосува со триаголен жиг (црна или црвена боја) и тоа на огревот во количина од 85% од облиците, а техничкото на двете чела од трупецот.
Испратница се издава непосредно пред превоз, со точни податоци и читко пополнета. Времетраењето на испратницата е лимитирано во часови и доколку при превоз истече часот на важност, потребно е да се побара нова испратница од овластеното лице.
При продажба на сортименти од сопствена шума, сопственикот е потребно да побара одобрение за продажба од службата во подружницата на ЈП “Македонски шуми“.

No comments:

Powered by Blogger.