Ниски температури, високи цени за огревното дрво



Ниските температури ги забрзаа подготовките за зимската сезона, особено низ основните и средните училишта во земјата. Основното училиште „Дитуриа“ во Сарај заедно со трите периферни училишта во селата Грчец, Крушопек и Љубин веќе две недели ги греат училниците и покрај високите дневни температури.
„Се грееме на нафта и количините кои се предвидено според просториите на училиштето се обезбедени додека во периферното училиште во Љубин каде греењето беше на дрво, а за прв пат, сега таму се грее со пелети и потребните количини од 8000 килограми се обезбедени. Од минатата недела почнавме да пуштаме греење во утринските часови додека од денеска просториите се затоплуваат во текот на целиот ден“. – изјави Рафиз Амети- директор на О.У „Дитуриа“, Сарај
Греењето има и во училиштата во Чаир. Некои од училиштата го обезбедуваат сами, а некои се приклучени во системот на централното греење.
„Сега имаме и централно греење и добро е средено. Пред 15-ти е пуштено греењето. Задоволни сме, во ред е и нема проблеми, греењето е на ниво според температурите, кога е поладно нормално и температурата е повисока. Сите простории, кабинетите, ходниците се греат“. – изјави Фаик Џони- директор на О.У „Конгреси и Манастирит“
Додека институциите обезбедиле греење за зимската сезона, многу семејства во Скопје уште мака мачат со овој проблем. Жителите се жалат на високите цени за огревното дрво. Многу од нив се жалат дека не се греат со ништо поради високите трошоци.
„Со што да се греам, дрва нема, ништо нема. Планирам да купувам дрва, но немам пари. За мене цената е превисока, пензионер сум и не стига. Оваа година многу тешко, многу слабо стоиме. За тие кои примаат пензија, дрвата се многу скапи“
„Цените катастрофа. Оваа година ги купив порано и тогаш беа скапи, 3600 денари. Без да се задолжиш не можеш да ги обезбедиш дрва, кога ќе го вратиш овој долг доаѓа другиот, но се надевам ќе биде добро“. – велат граѓаните
Во приватните складишта цените се движат од 3200 до 3700 денари за метар куб додека цената за дабот се движи од 3400 до 3700 денари. Деновиве од „Македонски Шуми“ изјавија дека нудат дрва по цени од 2370 до 2450 денари.



Извор: /alsat-m.tv/


No comments:

Powered by Blogger.