Мртвите стебла имаа важна улога во стабилноста на шумските екосистеми



Со текот на годините, во старите шуми се случуваат одредени физиолошки процеси карактеристични за овој вид средина, а не се случуваат во помладите шуми. Причина за тоа е постоњето на стари стебла, физиолошки оштетени и со мртви делови. најдат во неколку облици, како живо старо стебло, стоечко мртво стебло, и старо скапано дрво. Мртвите шуми се комплексни екосистеми кои со текот на времето се менуваат.
Понекогаш поминуваат дури сто години додека стеблото не изумре во целост. Квалитетот на мртвите стебла зависи од неколку битни фактори:
-        колку долго се распаѓало,
-        пред колку време угинало,
-        причината на одумирањето,
-        положбата (дали е во лежечка или стоечка состојба),
-        од самата големина и
-        климатските услови кои преовладуваат.
Сувите, односно мртвите стебла имаат посебна и многу важна улога во одржувањето на здравиот Во еколошка смисла мртвото стебло станува не само извор на светлина, храна и подлога за виреење на многу видови билки, па и животни кои не опстојуваат само на нив, туку и во самата шума.
Од мртвите стебла во шумата зависат животите на организмите како габите, мовот, лишаите, но и птиците, лилјаците, разни видови на инсекти и слично. Една третина од птиците се гнездат во дупките или шуплините на дрвјата на мртвите стебла, особено клукајдрвците и утките. Со овие стебла се спречува и ерозијата на почвата, а претставуват и вистинска фабрика на CO₂.
За клукајдрвците, идеално е да има најмалку 30 m³ мртво дрво на хектар. Во идеални услови би требало да се остави најмалку 8 m³ на лежечко мртво дрво, 8 m³ суварки, но и 14 m³ мртви гранки на здрави дрвја.
Во стопанските шуми, со кои што се стопанисува, производството на доволна количина на мртво дрво, може да се постигне со оставање на сите отпаднати гранки и некои искорнати стебла, одумрени гранки на здрави стебла и со оставање на два-три суви стебла по хектар (едно просечно зрело стебло има околу 2,5 m³ дрво).
Само во Северна Америка во шуплините на дрвјата се гнездат и до 55 видови разни птици. Во јужна Моравија, во вакви стебла живеат околу 14 видови мравки, во Франција околу 37% инсекти, во Шведска, скоро 805 животински видови кои живеат на старите стебла, а се наоѓаат на Црвениот список на загрозени видови.
И разните видови на инсекти кои се хранат со дрвен материјал, полагаат јајца во стари стебла и тука се одвива целиот процес на преобразба во возрасни единки. За жал, благодарение на неодговорното однесување во стопанисувањето со шумите и со нивното отстранување од шума, многу видови на инсекти (сапроксилни видови) исчезнале.

Затоа, во 2010 год. Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN), ја објави Црвената листа на сапроксилни желки на Европа, со што се идентификувани преку 436 видови на кои им е загрозен опстанокот во Европа.Со отстранување на старите стебла, загрозени се и некои видови габи кои имаат исто така важна улога во шумските екосистеми.
Во последно време во европските земји се сфаќа вистинската улога на старите шуми и мртвите стебла за шумските екосистеми. Донесени се низа мерки (законски прописи) за да се спречи нивното отстранување од шумата. Интензивно се работи на едукацијата на јавноста за улогата на таквите дрвја, на едуцирање на сопствениците на шумите за наведената проблематика, зголемување на надзорот над ваквите шуми, со прашање за тоа кој е минималниот праг за биоразновидност и природност, вклучување на на мртвите шуми во национални програми, како и во развитокот на насоките во управувањето со ваквите шуми.
Во согласност со претходно кажаното WWF (Светска организација за заштита на природата), ги повикува Владите во Европа, сопствениците на шумите, шумарските стручњаци и сите кои се грижат за природата, до 2030 год., да се постигне зададената цел:

Во шумите на Европа да се оставаат 20 до 30 m³ мртви стебла во шума, со што ќе се задоволи горенаведениот критериум за зачувување на разновидноста, но и зачувување на флората и фауната во овие шуми.

Во Законите за шуми во земјите во регионот, во правилниците за сертификација на шумите постои законска обврска со која се пропишува, зачувување на т.н. “стоечки стебла” со шуплини, како и мртвите исушени стебла, кои ќе бидат многу значајни во одржувањето на рамнотежата и заштитата, односно опстанокот на некои растителни и животински видови во нашите шуми.

Извор: Наши шуми


No comments:

Powered by Blogger.